Словенија и Србија ќе одиграат балканското дерби во второто коло на групата Ц. Поранешните Југословенски земји неможат да бидат задоволни, бидејќи добија помалку бодови од прикажаното во првото коло.
Словенија дефинитивно заслужи повеќе од бод против Данска (1-1), бидејќи после водечкиот гол на Данците, тие тотално доминираа во секој поглед.
Словенците покажаа дека не се мал залак и дека доволно знаат и умеат како тим. Со еден бод чекорот кон нокаут фазата е полесен за разлика од на Србија. Но за да биде се по нивна мерка освен победа над Србија ќе мора и Англија да триумфира на Данска.
Србија иако загуби од Англија (0-1) имаше игра која ветува. Можеби резултатот е одлика на натпреварот бидејќи Србите беа подобри како противник. Англија беше принудена да се чува и да биде повлечена, поради енормно грубата игра од страна на Србите.
Сепак Србија не постигна гол, а Англија го стори тоа и заслужено ги земаа сите бода на тој натпревар. Ако Србија неуспее да победи против Словенија, сметајќи ја Данска како потежок и посериозен ривал, Србија ќе може да си ги спакува куферите.
За Србија пораз и нерешено се надвор од зона на размислување, а за Словенија се освен пораз би било добар резултат.
Во 15 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен ќе се одигра балканското дерби. Минхен како дестинација ветува голема поддршка на двете селекции.