Финалниот дуел од шестиот ден на ЕУРО 2024-та не ветува многу на прв поглед. Шкотите го „положија оружјето“ пред Германците, додека Швајцарците го надиграа директниот ривал Унгарија во борбата за второто место.

Борбеноста на Шкотите нема да изостане, за разлика од квалитетот. Можеби Германија не е репрер за можностите на Шкотите, но и Швајцарците се селекција која поседува квалитет и искуство.

Швајцарците се полни со енергија и самодоверба, што често може да биде опасно доколку се преценат. Тие че треба да ја оправда улогата на фаворит, што е потешко отколку онаа аутсајдерската на Шкотите. Победа Швајцарците им гарантира пласман во осминафиналната рунда.

Дуелот Шкотска Швајцарија е последен од денешната програма, а ќе се игра од 21 часот во Келн.