Третото издание на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ ќе се одржи од 20 до 24 август денеска информира домаќинот ГРК Охрид. Турнирот е во организација на ракометниот клуб и Општина Охрид.
Покрај домаќинот на турнирот, ГРК Охрид, македонски претставници ќе бидат и вице-првакот и освојувачот на купот Алкалоид.
Меѓународниот карактер ќе го збогатат како и пет екипи.
Тоа се: српските Партизан и Динамо Панчево, црногорската екипа Ловќен, словенечкиот Целје и грчкиот тим Олимпијакос.