По настапот против Шкотска која домаќинот на ЕУРО 2024-та Германија, никој не би сакал да биде во „кожата“ на Шкотите.

Сепак, попладнево во таа улога ќе бидат Унгарците кои се противници на Германија, во 2.коло на А групата.

Рапсодијата на тимот на Јулијан Нагелсман со пет гола во Минхен покажа дека домаќините излегоа без калкулација на отворањето, подготвени да го покажат целиот свој потенцијал.

Еуфоријата не може да ги заобиколи ниту студените Германци, но мечот против Унгарија ќе даде многу појасна слика за потенцијалот на оваа репрезентација. Пет различни играчи постигнаа голови против Шкотите, самодовербата беше зголемена, но Унгарците останаа непоразени на последните две гостувања во Германија.

Во Лигата на нации победија со 0:1, а на последниот дуел на мечот одигран во Минхен, Германија во последните минути се спаси од пораз. Германија и со бод практично би обезбедила пласман во следната рунда, но „Панцирните“ на секој натпревар атакуваат на победа, а така ќе биде и денеска.

Унгарците, пак, се во потешка ситуација. Многумина ги гледаа како тим кој може да изненади, а имаа огромни очекувања од себе. Сепак, Швајцарија ги „спуштија на земја“ уште во првото коло. Сега Унгарија треба да се бори против домаќините.

Голем хендикеп за избраниците на Марко Роси е и негативната гол-разлика од минус два. Затоа треба да очекуваме Унгарците да бидат многу повнимателни против Германија со цел да не примат повеќе голови и по можност да освојат бод. Во тој случај со обеда против Шкотска во последниот натпревар би биле во игра за осминафинале.

Дуелот меѓу Германија и Унгарија ќе се игра во Штутгарт, а почетокот е од 18 часот.