Со дуелот меѓу Романија и Украина ќе биде отворен четвртиот ден на Европскиот фудбалски шампионат во Германија.

РОМАНИЈА

Романците го пропуштија првенството во Англија во 2021 година, а на изненадување на многумина од квалификациите за овој турнир. Романија заврши на првото место во групата и зад себе ги остави Швајцарија, Израел, Белорусија и Андора. Избраниците на Едвард Јорданеску имаа 22 бода, дури пет повеќе од Швајцарците.

Во романскиот тим тешко е да се издвои ѕвезда, но еден од подобрите играчи е Јанис Хаџи , фудбалер на Алавес. Од него се очекува да создава во нападот, додека одбраната треба да ја држи под контрола Раду Драгушин , играчот на Тотенхем.

Капитен на тимот и нејзин организатор е искусниот Николаје Станчу , кој наполни 31 година и настапува во лигата на Саудиска Арабија. Најопасен офанзивец на тимот е крилниот напаѓач на Парма, Денис Ман.

Романците се големи оптимисти и веруваат дека може дури и да ја минат групата.

УКРАИНА

Нивниот прв ривал Украина цели кон победа на денешниот дуел. Ваквиот оптимизам се должи на големиот број на талентирани фудбалери во репрезентација. Украина има голем број играчи во Премиер лигата, а речиси сите се на почетокот на кариерата.

Имаа многу тешка група во квалификациите. Завршија третопласирани по Англија и Италија, а до еврото стигнаа преку баражот.

Александар Зинченко е капитен и најдобар фудбалер на Украина во последната деценија. Иако не доби многу простор во Арсенал на крајот од сезоната, тој секако е некој на кој Романија ќе мора да посвети многу внимание.

На голот го имаат сигурен голман Реал Луњин кој максимално ја искористи шансата што му се укажа годинава поради повредата на првиот голман Тиб Куртоа.

Илија Забарњи е редовен во Борнмаут и важи за еден од најталентираните стопери во својата генерација. Во нападот се Мудрик, играчот на Челзи кој не се аклиматизирал добро, но и најдобриот голгетер во шпанската лига, Артјом Довбик.

Дуелот меѓу Романија и Украина е во рамките од „Е“ групата, а ќе се игра во Минхен од 15 часот.