Фудбалските репрезентации на Англија и Србија ќе го одиграат дербито на на денот на ЕУРО 2024. Англија по минатото ЕУРО е спремна да го донесе трофејот дома, додека пак Србите иако малку де преамбициозни сакаат да ги исполнат високите цели и најголемите навивачки желби.

АНГЛИЈА

Англија секогаш важела за фудбалски дом и силна репрезентација. Англичаните сакаат за прв пат да се израдуваат на репрезентативен трофеј по 1966 година.

Минатото Европско првенство „Гордиот Албион“ беше преблиску, но загуби во финалето од Италија на пенали. Англичаните веруваат дека сега ги имаат потполнето сите дупки и предводени од Џуд Белингам, Хари Кејн, Трент Александер-Арнолд, Букајо Сака, Деклан Рајс и Фил Фоден.

На селекторот Герет Саутгејт, кој е најплатениот на ова првенство, му виси работата на тенок конец и Англија несмее да потфрли на ЕУРО во Германија.

СРБИЈА

Србите како и секогаш се премногу самоуверени во своите квалитети. Пошироката јавност не го дели мислењето коишто го имаат нашиот северен сосед.

Селекторот Драган Стојковиќ-Пикси тврди дека го однел на ЕУРО 2024 својот најмоќен тим. Сега се останува на самите фудбалери и селекторот, да покажат дали се навистина толку добри колку што зборат нивните фанови.

Секој со своите математики, замисли и калкулации, а фудбалска јавност се надева дека Англија и Србија ќе одиграат одличен меч.

Натпреварот започнува во 21 часот и теренот на „Велтнис Арена” во Гелзенкирхен.