Репрезентациите на Шпанија и Хрватски ќе се сретнат во 1.коло од ЕУРО 2024 во така-наречената „група на смртта“.

„Црвената фурија” на ова првенство ќе се бори за 3-та европска круна и прва по 2012 година. Хрватска со своите најмоќни сили ќе тргне на ова ЕУРО да ја овековечи кариерата на легендарниот Лука Модриќ.

🇪🇸 ШПАНИЈА

Двете репрезентации имаат свои адути. Изборот на селекторот Де ла Фуенте беше шок за шпанската јавноста, бидејќи изостави многу стандардни имиња за годинешниот шампионат.

Меѓу не повиканите се најдоа Пау Торес и Марко Асенсио, а од конечните 26 испадна и младата надеж Пау Кубарси.

Голем пех за Шпанија е што селекторот воопшто не смета на вечниот капитен Серхио Рамос, кој на свои 38 години сеуште дели врвни партии.

Сепак навивачите имаат надеж во селекторот кој на самиот почеток на неговата етапа како лидер на Шпанија им донесе титула во Лигата на Нации во 2023.

За потсетување е дека во финалето на Лигата на Нации во 2023 година Шпанија токму од Хрватска беше подобра и се закити и со тој трофеј.

🇭🇷 ХРВАТСКА

Хрватска пак тргнува со својата најмоќна постава. На минатото ЕУРО не можат да се пофалат со успех, но „коцкестите” на последните два светски шампионати во Русија 2018 и Катар 2022 заврши на второто и третото место.

Дека Хрватска поседува квалитет тоа не е тајна, но многу аналитичари ги гледаат како „аутсајдери” во „групата на смртта”. Тоа е дополнителен мотив за нив бидејќи во Русија и Катар не беа фаворити за голем пласман, но се искачија до самите „врвови“. Со оглед дека ова ЕУРО е најверојатно и последна шанса за Лука Модриќ да се закити со репрезентативен трофеј би значело убавина за сите фудбалски обожаватели.

Дали Хрватска има доволно сила да и врати на Шпанија за поразот во финалето на Лигата на Нации и да докаже дека не се дојдени само за борба за 3.то место во оваа група Б останува да ни покаже дуелот од првото коло во нивната група.

Во оваа група се и селекциите на актуелниот европски шампион Италија и дебитантот Албанија. Тие својот натпревар ќе го играат од 21 часот.

Натпреварот ќе започне во 18 часот и ќе се одигра на стадионот на кој ќе де одигра и финалето на овогодинешното ЕУРО во Германија, Олимпискиот стадион во Берлин.