Актуелниот европски првак Италија со победа ја почна одбраната на шампионската титула. Во дуелот од „Б“ групата одигран во Дортмунд, Италија славеше над Албанија со 2-1.

Лошо почна натпреварот за Азурите кои по само 23.секунди примија гол. Фудбалерот на италијанскиот Сасуало, Брахами стана стрелец на најбрзиот гол во историјата на шампионатите, за водство на Албанија од 0-1.

Сепак, Италијанците во продолжението покажаа победнички менталитет. Притиснаа кон албанскиот гол и почнаа да создаваат шанси. Тоа резултираше со брзо израмнување веќе во 10-тата минута кога погоди Бастиони. Веќе во 16-тата Барела направи пресврт за водство на Италија од 2-1.

По неколку шанси имаат двете селекции во продолжението. Најголемата беше онаа на Манаи во последната 90-та минута. Но неговиот удар заврши крај голот, а резултатот остана истиот 2-1 за Италија.

Во следното коло закажано за 21 јуни, Италија ќе игра против Шпанија која денеска беше убедлива против Хрватска со 3-0.

Албанците пак покажаа дека нема да бидат лесен план за противниците, па Хрватите ќе мора да се помачат да ја оправдаат фаворитската улога.