Актуелниот Европски фудбалски шампион репрезентацијата на Италија, својот поход кон одбрана на европскиот трофеј го започнува против селекцијата на Албанија.

ИТАЛИЈА

За Италија има многу што да се каже. Тимот по структура е скоро истиот тим кој го освои ЕУРО 2020 година, но и истиот оној тим кој шансата за пласман на светското првенство во Катар во 2022 година ја загуби токму од Македонија.

Италија почнува со нов тренер, но со позната амбиција да ја задржи својата круна. „Романтиката” на Италијанскиот фудбал почнува против Албанија селекција која несреќно се најде во групата Б, или така наречената „група на смрта”.

АЛБАНИЈА

Албанија пак се надева дека има што да покаже на ова ЕУРО. Албанците за втор пат се наоѓаат на европски фудбалски собир, а првиот пат беше во Франција во 2016 година.

Албанија изненади бидејќи квалификациите ги заврши на првото место каде што во група беа сместени со Полска и Чешка, фудбалски репрезентации кои на хартија се поквалитетни од нашиот западен сосед. Албанија поседува добри поединци кои настапуваат за доста квалитетни европски клубови и се надеваат на нивна магија за успех на ова ЕУРО во Германија.

ДНЕВЕН РАСПОРЕД | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

На програмата во сабота ова е последен дуел кој започнува во 21 часот. Натпреварот ќе се одигра на можеби најкултниот фудбалски терен во Германија, стадионот „Вестфален“ или „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Овој последен натпревар во денот воедно ќе биде и последен натпревар од првото коло во групата Б, каде пред да си ги одмерат силите Италија и Албанија, селекциите на Шпанија и Хрватска ќе го имаат својот „клинч“.