Репрезентациите на Швајцарија и Унгарија ќе го одиграат вториот дуел од првото коло во групата А. За Швајцарија овој натпревср ќе биде важен за нивната чест како репрезентација која покажала дека знае да биде проблем на ваквите собири, додека пред Унгарија е голем тест за нивната репрезентација и нивните граници.
ШВАЈЦАРИЈА
Швајцарија на светското во Катар разочара со нивниот перформанс иако беше еден од „црните коњи” кои можеа да стигнат до голем успех. Највеќе се очекуваше успех од нив бидејќи токму тие на минатото ЕУРО коњ се одигра во 2021 година го исфрлија од конкуренција најголемиот фаворит тоест тогашниот светски првак Франција. Швајцарија на ова ЕУРО ќе има сила за игра исто како на домашен терен бидејќи се натпреварите се играат во нивна соседна Германија. За да покажат дека не се потфрлачи ќе мора да го поминат првиот тест Унгарија.
УНГАРИЈА
Унгарија пак ова ЕУРО буквално ќе си ги тестира своите лимити. Унгарија поседува квалитетен тим со микс од млади и искусни играчи.
Најголема ѕвезда на теренот секако ќе биде играчот на Ливерпул Доминик Собослаи кој иако не имаше најдобра дебитантска сезона во Премиер Лигата, многу добро се снаоѓаше на германските терени кога го носеше дресот на РБ Лајпциг. Унгарија во иднина ќе биде фудбалска сила поради нивните талентирани играчи, но засега е важна сегашноста кадешто токму сега имаат шанса да покажат играчите колку вредат и знаат да играат.
Групата А по нив можеби по мерка е таман, но тоа мораат да го докажат на теренот.
Натпреварот меѓу Унгарија и Швајцарија ќе биде прв на програмот со почеток од 15 часот. „РајнЕнегрие“ Стадион во Келн ќе биде домаќин на овој меч, а правдата ќе ја дели судијата кој имаше чест да го суди овогодинешното финале во Лигата на Шампионите, Славко Винчиќ од Словенија.