Марио Танкоски во следни две сезони ќе го носи дресот на Вардар. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек, доаѓа од редовите на лутиот ривал на вардарци, Еурофарм Пелистер.
Тој зелено-белииот ќе го замени со „црвено-црниот“ дрес, а како што велат од таборот на скопјани, од него многу се очекува во иднина, бидејќи е играч кој има огромен потенцијал.
Танкоски потекнува од Струга, а во својата кариера играл за двете екипи на Металург, а по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.
Во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година.
„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди.
Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони,
изјави Марио Танкоски.
Танкоски ќе му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски во средината на јули кога почнуваат подготовките на тимот.