Германија е во центарот на вниманието на светската, а пред се европска јавност. Од вечерва па се до 14 јули во оваа земја ќе се одржува 17-тото Европско првенство во фудбал.

Традиционално шампионатите ги отвораат домаќините, во случајов Германците кои во премиерниот меч за противник ќе ја имаат Шкотска.

🇩🇪 ГЕРМАНИЈА

Разочарувачките настапи на последните две големи натпреварувања (ЕВРО 2020 што се играше во 2021 година и СП 2022) имаа Германците. И покрај промената на селекторот „панцирните“ имаа бројни порази во 2023 година. Сепак, Јулијан Нагелсман создава нов тим.

Во него Флоријан Вирц, младиот ас на шампионот Баер Леверкузен ќе ја има слободата што му ја даде и Чаби Алонсо во неговиот клубот. Својот екстра квалитет го спои со големите можности на Џамал ​​Мусилаја, а го додаде и искуството на Илкај Гундоган, Тони Крос, Антонио Ридигер, Џошуа Кимих, голманот Тер Штеген и Нојер. Улогата на „џокер“ ќе ја има сеуште најдобриот стрелец од оваа генерација, Томас Милер.

Пласманот во осминафиналето не би требало да биде проблем за Германците, иако во последните две изданија на Лигата на нации на УЕФА, на два меча не успеаја да ги победат ниту Швајцарија, ниту Унгарија, додека Шкотите им се „муштерии“ во овој век.

🏴󠁧󠁢󠁳󠁣󠁴󠁿 ШКОТСКА

Гледајќи ги резултатите, квалитетот на тимот, Шкотска на хартија е за нијанса послаба од конкурентите и влегува како аутсајдер на хартија. Селекторот Стив Кларк стана првиот тренер кој двапати по ред ги предводел „Храбрите срца“ на континенталниот шампионат.

Кларк создаде препознатлива игра, без преголема убавина, но „воин“ како во играчите да бие „Храбро срце“. Капитенот Ендрју Робертсон и Скот Мектомини, фудбалери на Ливерпул и Манчестер Јунајтед се најпознатите имиња, но Кјерн Тирни (Сосиедад), Џон Мекгин (Астон Вила), Били Гилмор (Брајтон) одиграа брилијантно оваа сезона. На оваа репрезентација и недостига еден вистински голгетер, а таа негатива може да биде пресудна во битката за пласман во осминафиналето. Сепак, Шкотите велат дека можат да изненадат секого.

Воведниот натпревар на првенството е во рамките на „А“ групата во која покрај овие две селекции се и репрезентациите на Унгарија и Швајцарија.

Натпреварот меѓу Германија и Шкотска ќе се игра во Минхен на „Алијанц Арена“, а ќе почне до 21 часот (Минхен)