На три дена пред првиот натпревар на Европското првенство во Германија, селекцијата на Франција е во „паника“. Во редовите на Триколорите владее вирус па голем број на играчи, но и селекторот Дешапамп ги пропуштаат тренинзите.
Еден од главните кандидати за освојување на титулата има голем број на заразени, објавуваат француските медиуми. Сите помалку или повеќе патат од респираторни проблеми, со оглед на тоа што вирусот ги напаѓа дишните органи.
Најлошо минуваат Кингсли Коман и селекторот Дидије Дешамп, бидејќи се уште страдаат од температура, главоболка и грчеви. Првотимецот на Баерн поради тоа го пропушти вчерашниот тренинг, а лекарскиот тим прави се за брзо да биде подготвен за игра.
Франција во првиот натпревар закажан за понеделник (17 јуни) ќе игра против Австрија.