Новиот суперлигаш екипата РК Бисинов сериозно започнува да го формира тимот за наредната сезона. Велешани денеска информираа дека ја продолжуваат соработката со двајца ракометари кои играа и минатата сезона.
Станува збор за пивотменот Александар Стојменов и десното крило Никола Димитров.
Стојменов лани дојде од вториот тим на Голден Арт, а настапуваше и во дресот на Вардар. Тој зад себе има настапи и во дресот на младинската репрезентација на Македонија.
„Имавме одлична сезона. Сплотеноста, хемијата во тимот и упорната работа донесе одличен, голем резултат.
Јасно дека во пристојната сезона не чека тепка задача со далеку поискусни екипи против кои ќе имаме, но тоа мотивира повеќе.
Верувам дека со многу, многу напорна работа ќе се преставиме во одлично светло“,
изјави Стојменов.
Димитров пред да се пресели во Велес, играше и за екипите на: Пелистер2, Вардар Јуниор, Работнички, Голден Арт и Младост Богданци,
Пред неколку дена РК Бисинов го врати во своите редови десното крило Мартин Димов кој потекнува од овој клуб, а лани играше за Пролет.
Велешкиот тим заврши како прворангиран во Првата лига и обезбеди пласман во посилната конкуренција.