Прославениот италијански репрезентативец, Џенаро Катузо кој веќе има интересно тренерско искуство пристигнува во Сплит. Како што информираат од „Пољуд“, Гатузо ќе го преземе „кормилото“ на Хајдук.
Славниот италијански репрезентативец ги договори сите услови со сплиќани и го потпиша договорот до летото 2026 година.
Иван Јуриќ беше првиот избор на Хајдук, договорот наводно веќе бил постигнат, но хрватскиот стручњак на крајот се откажа.
Во Хајдук немаа време за размислување и мораа да преминат на следната опција и беше постигнат договор со Гатус.
Гатузо веќе работеше со Никола Калиниќ додека Калиниќ беше во Милан, а италијанскиот стручњак веќе раководеше со многу клубови во својата тренерска кариера.
Позната е неговата играчка кариера, направи големи работи со Милан и со италијанската репрезентација.