Три дена остануваат до стартот на Европското фудбалско првенство.
Организаторите, Германците, веќе си ги завршија сите обврски. Остануваат ситни детали, но јасно е дека фудбалот може да почне уште сега.
Десет градови и исто толку стадиони ќе бидат домаќини на претстојното 17-то Европско првенство.
Возбудувањата ќе започнат во Минхен, а ќе завршат во Берлин.
И двата прекрасни стадиони се подготвени да ги пречекаат сите ,,актери”. Фудбалерите, навивачите, медиумите, ќе имаат идеални услови.
Се ќе почне на модерната ,,Алијанц арена” во Минхе, а ќе заврши на најстариот и најголем ,,Олимписки стадион” во Берлин.
Битката за Европскиот страна ќе стартува во петок (14 јуни), а месец подоцна (14 јули) ќе го дознаеме шампионот.