Репрезентацијата на Шпанија со две победи и десет постигнати голови ги заврши подготвителните натпревари за ЕП.
Откако ја совладаа Андора со 5-0, вечерва на Палма де Мајорка, ја победија Северна Ирска со 5-1.
Голот на Балард уште во втората минута за гостите, ги разлути Шпанците. Во продолжението ја наполнија мрежата на Северна Ирска.
Педри во два наврати (12 и 29.минута), Мората (29) и Руиз (35) веќе на полувремето донесоа убедливи 4-1 за „црвената фурија“.
Во второто полувреме, во листата на стрелци се запиша и Ојаразабал (60), поставувајќи ги конечните 5-1.
Шпанците на ЕУРО 2024, се во најтешката група, во која за противници редоследно ќе ги имаат Хрватска, Италија и Албанија.