Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа во европските квалификации. Nа гостувањето кај Молдавија, Mакедонија славеше со 4-2.

Oдлично почнаа натпреварот за нашите фудбалерки кои веќе во втората минута поведоа со 1-0. По корнерот на Mаксути, Бадичеану си постигнаа автогол. Во 22.минута домаќинките го израмнија резултатот, но четитри минути подоцна Андонова од пенал ја врати предноста. Во финишот на првиот дел односно 43.минута Аандреевска зголеми на 3-1.

Домаќинките одново се вратија во игра откако Колник во 59-та минута намали на 2-3. Сепак нашата најдобра фудбалерка капитенката Андонова со својот втор гол во 75.минута го потврди триумфот на Македонија.

По четири одиграни натпревари со две победи и вкупно седум бодови Македонија е втора на табелата во својата група. Словенија е убедливо прва со максимални 12 бода, а по нас следува трето рангираната Летонија која има три бода. Молдавија е последна со само еден освен бод.

Квалификацискиот циклус македонските фудбалерки ќе го завршат во јули месец. На дванаесетти ја пречекуваат Летонија а на шеснаесетти и гостуваат на Словенија.