Традицијата продолжува. од 14 до 16 јуни во Скопје, ќе се одржи третиот меморијален турнир „Марко Божиновски“.
Ракометниот турнир во младински конкуренции кој е во чест и сеќавање на Марко Божиновски и годинава ќе има интернационален карактер.
На турнирот ќе настапат екипи од Македонија, Србија, Црна Гора и Романија. Натпревари ќе се играа во спортскиот центар во Аеродром, а што го носи неговото име.
По успешните изданија минатите 2 години, овојпат дури 4 интернационални клубови ќе се натпреваруваат заедно со кадетските тимови на македонските суперлигаши!
Во чест и аманет на нашиот Марче, ние како фондација со огромна љубов и посветеност се стремиме вечно да живее неговиот лик и дело, но и да го всадуваме спортскиот дух кој Марче го носеше во себе кај помладите генерации.
Ракометот беше негов живот, љубов и животна определба.Затоа, ве повикуваме и ве очекуваме од 14-16 јуни во спортскиот центар „Марко Божиновски“ да се забавуваме и заедно да ги поддржиме идните ракометни ѕвезди кои ќе не прават горди носејќи го репрезентативниот дрес за неколку години.
Годинава ќе учествуваат екипите на: Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Бутел од Макеоднија, како и Војводина од Србија, Морнар од Црна Гора, Одорхеи од Романија и Коњух од БиХ.