Македонија и Хрватска утре во Риека ќе одиграат контролен натпревар. За Хрватите тоа се подготовки за пристојното Европско првенство, а за нашата селекции воигрување за Лигата на нациите.
Хрватска на утрешниот меч ќе биде без капитенот Лука Модриќ, кој вчеравечер со Реал Мадрид ја прослави новата шампионска титула.
Како што пренесуваат хрватските медиуми покрај Модриќ и Брозовиќ и Марио Пашалиќ, нема да бидат во составот, иако беше најавено дека ќе се приклучат во понеделник сепак нема да бидат пријавени за дуелот со Македонија.
Селекторот Далиќ ќе им даде шанса на играчи кои можеби нема да бидат во преден план. Прашање е дали ќе игра и Матео Ковачиќ, а доколку тоа се случи, тоа ќе биде негов јубилеен 100-ти настап. Би било логично и убаво да го одбележи пред локалната публика, макар и на пократок временски период. Ако не, на 8 јуни следи тестот со Португалија.
Утрешниот натпревар меѓу Хрватска и Македонија ќе се игра во терминот од 19 часот.