Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Хрватска и Чешка. На последниот тренинг, во нашата најдобра селекција се приклучија напаѓачите Александар Трајковски, Милан Ристовски, дефанзивецот Ѓоко Зајков и голманот Столе Димитриевски.
Напаѓачот на Хајдук, Александар Трајковски вели дека не очекува одличен натпревар против Хрватска.
„Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас.
Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар.
Искрено, и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат.
Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа.
Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации“,
изјави Трајковски.
На двата натпревари македонски фудбалери ќе гостуваат прво кај Хрватска на 3 јуни, а потоа кај Чешка на 10 јуни.