Луис Де ла Фуенте шпанскиот селектор го објави составот со кој Шпанија ќе патува на ЕУРО 2024 во Германија. „Црвената фурија” на поширокиот список донесе и повратници, а исто така изоставувањето на некои играчи предизвикаа голема бука во Шпанија.
Играчи коишто одиграа фантастични сезони како што се Мигел, Педро Поро и Пау Торес беа изоставени од Шпанскиот список, додека недостасуваа редовни имиња како Марко Асенсио, Пабло Сарабија и Охиан Санчет.
СПИСОК НА ШПАНИЈА
ГОЛМАНИ: Унаи Симон, Давид Раја, Алекс Ремиро
ОДБРАНА: Ајмерик Лапорт, Пау Кубарси, Робин Ла Норман, Начо, Даниел Карвахал, Алехандро Грималдо, Хесус Навас, Дани Вивиан и Марк Кукуреља
СРЕДЕН РЕД: Родри, Мартин Зубименди, Микел Мерино, Фабијан Руиз, Педри, Фррмин Лопез, Алекс Гарсија, Алекс Баена, Маркос Љоренте
НАПАД: Алваро Мората, Ламин Јамал, Нико Вилијамс, Дани Олмо, Микел Ојазабрал, Хоселу, Феран Торес, Ајозе Перез
Дефинитивно изборот на селекторот на „црвената фурија” донесе одредени прашалници за нацијата којашто веќе два европски шампионати по ред не успева да дојде до никаков поголем успех.
Дали изоставувањето на дел од репрезентативците што се во форма оваа натпреварувачка сезона ќе се покаже клучна за шпанската селекција ќе видиме во Германија каде што ќе ја претставуваат својата земја овие избраници.
Во групата на „смртта“ со Хрватска, Италија и Албанија, некогашниот светски и европски шампион ќе има тешка задача за пласман во нокаут фазата.