Герет Саутгејт го објави поширокиот списокот на играчи кои ќе конкурираат во тимо Англија на ЕУРО 2024. За чудо на фудбалските и англиските фанови, Саутгејт не го вклучи во списокот својот омилен играч Џордан Хендерсон. Долгогодишниот капитен на Ливерпул и некогашен капитен на репрезентацијата отпадна од список на играчи.

Англија ќе биде предводена од големи имиња како што се Хери Кејн, Џуд Белингам, Букајо Сака, Фил Фоден, Александер-Арнолд и останатите. Англичаните се дефинитивно едни од најголемите фаворити за епитетот европски првак и се останува на нив дали ќе потфрлат повторно или ќе ја направат горда својата нација.

Поширок список на Англија за претстојното Европско првенство

ГОЛАМНИ: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд

ОДБРАНА: Џарад Брантвејт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гехи, Езри Конса, Хери Мегваер,Џарел Кванса, Лук Шо, Џон Стоунс, Киран Трипие, Кајл Вокер

СРЕДЕН РЕД: Трент Александер-Арнолд, Конор Галагер, Куртис Џонс, Коби Мејни, Деклан Рајс, Адам Вортон

НАПАД: Џуд Белингам, Џарод Боувен, Еберичи Езе, Фил Фоден, Антони Гордон, Џек Грилиш, Хери Кејн, Џејмс Мадисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс

На конечниот список нема да се најдат 7 од повиканите играчи коишто се на овој список. Англија ќе има задача да ги оправда надежите на фановите коишто мечтаат за успех. Минатото ЕУРО Англија заврши како вице-првак бидејќи во финалето изгуби од Италија.

Во Германија во јуни месец, Англија ќе се соочи против репрезентациите на Србија, Данска и Словенија.

Во група која што треба да им биде релативно лесна, Англичаните ќе се борат за пласман во нок-аутфазата. Првиот дуел на ЕП Англија го игра против нашиот сосед Србија.