Предпоследното коло во Шпанската Ла Лига донесе многу возбудувања. Многу натпревари решаваа за конечните пласмани.

Реал Сосиедад беше една од екипите која си го потврди пласманот во Лига Европа. Баскиската екипа дојде до триумф над директниот конкурент Реал Бетис со 2:0. Стрелци на головите беа Браис Мендес во 5-та минута и Микел Мерино во 42-та минута.

Мајорка си го обезбеди опстанокот иако одигра со реми од 2:2 против Алмерија. Стрелци на головите Кајл Ларин во 29.та и Сержи Дадер во 83-та за Мајорка, а головите на Алмерија ги постигнаа Серхио Арибас во 41-та и Бруно Ланга во 66-та минута .

Кадиз е последната екипа која ќе патува во Секунда бидејќи неуспеа да триумфира против Лас Палмас. Задачата на Кадиз стана потешка бидејќи Виктор Чуст доби црвен картон во 74-та минута.

Атракција имаше на „Ла Керамика” каде што Виљареал и Реал Мадрид одиграа 4:4. На Виљареал им беше потребен триумф за борба за Конференциска лига, но до тој не дојдоа. Александер Серлот беше стрелец на сите 4 гола за Виљареал (39, 48, 52 и 56.минута). Кај Реал Мадрид 2 гола постигна Арда Ѓулер (14 и 47 од првиот дел) и по еден гол постигнаа Хоселу (30) и Лукас Васкез (40 минута).

Standings provided by Sofascore