Екипите на Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ди ги потврдија местата во Лига на шампиони и Лига Европа. Атлетико Мадрид со триумф над Гетафе од 3:0 го зазема последното 4.то место и ги испрати Атлетик Билбао во Лига Европа. Баскијците пак загубија од Селта де Виго со 2:1.

Атлетико Мадрид натпреварот го реши во првото полувреме. Гризман со головите во 27.та и 42.та ги испрати на полувреме со 2:0. Гризман го комплетираше својот хет-трик со гол за 3:0 во 51.та минута.

Атлетик Билбао пак загуби од Селта де Виго со 2:1. Атлетик Билбао прв поведе во 23.та минута Алекс Беренгуер. Селта де Виго направи пресврт во вториот дел со головите во 68.та и 71.та минута со головите на Вилиот Сведберг и Уго Алварез.

Атлетико Мадрид со 73 бода на 36 кола завери Лига на Шампиони. Атлетик Билбао со 62 бода завери Лига Европа и 5.то место. Гетафе се наоѓа на 10.та позиција, а Селта Виго се искачи на 15.та позиција.