Машката ракометна репрезентација на Македонија, е пред голем предизвик. Црвено-жолтите треба да надополнат седум гола негатива и да се обезбедат пласман на Мундијалот 2025-та.
Задачата против Фарските Острови нема да биде нималку лесна, поука од првиот бараж сигурно е извлечена. Лазаров со две измени во составот ќе се обиде тактички да го надмудри противникот.
За разлика од првиот натпревар во Торшавн, селекторот направи две измени за вечерашниот меч. Во составот ќе ги нема Дамјан Митев и Цветан Кузманоски, а на нивни места ќе бидат Иван Џонов и Мартин Карапалевски.
Што тоа ќе донесе во игра останува да видиме во натпреварот што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот.