Ерлинг Халанд со 4 гола беше убедливи најзаслужен во победата на Манчестер Сити над Вулверхемптон. Со 5:1 „граѓаните” ги поздравија „волците”.

Натпреварот беше решен уште во првиот полувреме кое заврши со 3:0. Халанд постигна „хет-трик”. Во 12.та за 1:0 од пенал, во 35-та со одличен удар со глава и во 48.та минута повторно оф пенал беа головите на Халанд во првиот дел.

Во вториот дел само што Волвс намалија на 3:1 со голот на Хванг Хи-Чан во 53.та минута, во 54.та Халанд го постигна својот гол за 4:1. Конечните 5:1 ги постави Хулијан Алварез во 85.та минута.

Манчестер Сити го следи Арсенал во трката за Премиер Лигата. „Граѓаните” со 82 бода и натпревар помалку се на 2.та позиција. Вулверхемптон се наоѓа на 11.та позиција со 46 бода.