Италијанските и германските екипи сезонава доминираат во европските фудбалски купови. По синоќешната победа на Борусија Дортмунд над ПСЖ, потврдено е дека Германија покрај Италија, ќе добие петти претставник следната сезона од Лигата на шампионите, која ќе се игра во новиот формат со 36 клубови.
Италија би можела да има рекордни шест екипи, доколку Рома или Аталанта, кои вечерва ги играат полуфиналните натпревари од Лига Европа, не завршат меѓу петте најдобри во Серија А, а моментално се на петтата и шестата позиција.
Така, според досегашниот изглед на табелите во Серија А и Бундеслигата, во следната сезона од Лигата на шампионите би следеле Интер, Милан, Јувентус, Болоња и Рома, Германците пак би ги претставувале Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт, Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Од друга страна, англиската Премиер лигата и шпанската Ла Лига ќе имаат по четири претставници во елитата.