Спектакуларен натпревар одиграа Баерн и Реал во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Четири постигнати голови, многу шанси и без победни (2-2) заврши натпреварот на двата европски гиганти.
Домаќините беа многу поофанзивни во текот на целиот натпревар.
Имаа Баварците две големи шанси во првите пет минути. Уште на самиот старт односно во првата минута се обиде Лерој Сане, но голман на Реал, Лунин успеа да го одбрани. Во петата минута се закани и Хари Кејн, но украинскиот голман повторно беше поуспешен од напаѓачот на Баерн.
Иако Баварците постојано притискаа кон голот на Реал, казната стигна на спротивната страна. Во 23.минута, по брзата контра и одличното додавање на Тони Крос, Винициус му донесе предност на Реал од 1-0.
Домашниот тим во продолжението се обидуваше да стигне до израмнување, но сета тоа беше јалово. На полувреме „кралскиот тим“ замина со минимална предност.
Во вториот дел, Баерн набрзина постигна два гола.
Сане во 53-тата го израмни резултатот. Три минути подоцна, Лукас Васкез направи прекршок за најстрога казана. Хари Кејн беше сигурен реализатор на пеналот за водство на Баерн од 2-1. Германскиот тим не престана со притисокот по голот на Реал. Се обидоа Кејн и Дајер, но нивните обиди (65 и 66.минута) беа не прецизни.
Голема шанса за израмнување имаше Винициус. Во 78-та минута изби сам пред Нореј, биеше од косо, но само во добро поставениот голман на домаќините. Но, само три минути подоцна беше досуден пенал за мадриѓаните. Во казнениот простор беше соборен Родриго, од Ким Минјае . Одговорноста ја презеде Бразилецот, Винициус кој беше прецизен и израмни на 2-2.
Овој резултат, но пред се играта што ја демонстрираа двата тима, ветува уште поголеми возбудувања на реваншот. А, тој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе се игра на 8 мај.