Првиот од двата денешни дерби натпревари во Серија А, се одигра во Рим. На „Олимпико“ екипата на Болоња ја победи Рома со 3-1 за потврда на најмалку четвртото место на табелата.
Избраниците на Тиаго Мота беа подобри речиси во текот на целиот меч во однос на „пулените“ на Даниеле Де Роси. Уште во првиот дел Болоња создаде два гол пресност, со погодоците на Ел Азузи (14,минута) и Холанѓанецот, Зиркзи (45).
Малата надеж за домашниот состав ја врати Иранецот, Азмун (56), но Алексис Салемакерс (65), повторно ја врати предноста на два гола (1-3).
Немаа ниту игра, а уште помалку шанси фудбалерите на Рома, ниту да го ублажат поразот, а камо ли да стигнат до израмнување. Резултатот остана не променет, а гостите ги однесеа трите бода.
Болоња со оваа победа речиси ја осигура четвртата позиција на табелата и сега има седум бодови повеќе од Рома, а осим од Аталанта. Пред нив е Јувентус кој има 64. Првата позиција одамна е „резервирана“ за Интер кој има дури 14 бодови повеќе од второ пласираниот Милан.
Токму Интер и Милан вечерва ќе го играат својот меѓусебен дуел со кој ќе биде комплетирана оваа рунда.