Барселона го освои Париз во дуелот против ПСЖ. На „Паркот на принцовите“ Барселона беше подобра од ПСЖ со 3:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Во првото полувреме се играше динамично. Својата шанса ја искористи Барселона која поведе преку голот на Рафиња во 37.та минута.
Во вториот дел имаше промени на резултатот. ПСЖ направија пресврт со головите на Осман Дембеле и Витиња во 48-та и 51-та минута.
Потоа Барселона го свете резултатот во своја полза. Рафиња во 62.та минута изедначи на 2:2 со својот втор гол. Потоа во 77-та минута Андреас Кристенсен го врати водството на „Каталонците” на 3:2.
На „Монжуик“, Барселона ќе започне со еден гол предност, а реваншот ќе се игра на 16-ти Април (вторник).