Тимот на Тотенхем стигна до победа над Нотингем Форест од 3-1 во меч од 31-то од Премиер лигата во Англија.
,,Петлите,, го скршија отпорот на ,,Шумарите,, дури во второто полувреме откако по првите 45 минути беше 1-1.
Мечот и резултатот го отвори Тотенхем кога поведе со 1-0 со автоголот на Муриљо во 15-тата минута, а Нотингем пак израмни преку Вуд во 25-тата минута за 1-1.
Во вториот дел Тотенхем тргна офанзивно и до два гола за шест минути направи недостижна предност.
Стрелци на головите беа Ван де Вен и Педро Поро за мирна завршнија на мечот. Гостите немаа сили да го достигнат домаќинот и мораа да се задоволат со пораз.
Па така со новите три бода Тотенхем сега се искачи на четвртата позиција со 60 бода, колку што има и Астон Вила но со подобра гол разлика.
Нотингем Форест се наоѓа само едно место од опасната зона со 25 бода колку што има и загрозениот Лутон и ќе води голема битка за опстанок во елитата.