Во дербито помеѓу актуелниот и наскоро новиот шампион на Италија, екипите на Интер и Наполи одиграа „мирољубиво“ без победник 1:1.
Првиот дел од натпреварот му припадна на тимот на Интер. „Неро-аѕурите” делуваа како да го заборавиле болниот пораз од Атлетико Мадрид во Лигата на Шампионите. Во 43-тата минута Матео Дармиан постигна гол за 1:0.
Во вториот дел Интер продолжи со истиот налет и истото темпо. Нивна игра сепак не донесе нов гол. Но, затоа Наполи успеа да израмни преку Хуан Хесус во 81-та минута за конечни 1:1.
Интер е лидер во Серие А и за неколку кола официјални ќе биде прогласен за нов Италијански владетел.
Со 76 бода на 29 одиграни кола екипата на Интер е оддалечена дури 14 бода од градскиот ривал Милан кој е на втората позиција. Наполи пак полека фати некој ритам и се искачи на 7.та позиција со учинок од 45 бода на 29 кола.