Во Германската Бундес лига се одиграа пет средби од 25-тото коло.
Тимот на Лајпциг на нашиот Елиф Елмас славеше победа над ,,фенерџијата,, Дармштад со 2-0.
За првпат оваа сезона Елмас беше стартер во составот на Лајпциг и одигра само едно полувреме. По паузата беше заменет, а токму неговата измена Баумгартнер ги постави конечните 2-0. Лајпциг се искачи на 4-тото место на табелата откако со оваа победа го прескокна тимот на Дортмунд со 46 бода.
Баерн Минхен пак го торпедираше Мајнц со 8-1 на Алијанц арената. Хари Кејн постигна хет-трик за негов 30-ти гол во првенството.
Мрежата на Мајнц уште ја погодија и Горецка, Милер, Мусиала и Гнабри. Со оваа победа Баерн се доближи на седум бода зад водечкиот Леверкузен. Лидерите пак имаат меч помалку. Доколку победат разликата повторно ќе биде двоцифрена.
На другите средби Аугзбург-Хајденхајм (1-0) и Менхенгладбах-Келн (3-3).