Аргентинско шоу преовладуваше во ремито на Атлетико Мадрид и Алмерија. Со резултат од 2:2, Атлетико направи чекор назад во борбата за титулата во Ла Лига.

Во првиот дел и двете екипи покажаа борба. Прв „удар” зададе Атлетико преку Анхел Кореа во втората минута. Во 27-та младиот Лука Ромеро изедначи на 1:1. Со тој резултат се замина на полувреме.

Вториот дел се отвори на идентичен начин. Овој пат Родриго де Пол зголеми на 2:1 во 57.минута. Но, во 64-та минута Лука Ромеро беше повторно стрелец и повторно го изедначи натпреварот. До крајот резултатот остана непроменет.

Атлетико Мадрид дојде до 52 бода на 26 одиграни кола. Атлетико сеуште ја држи четвртата позиција. Алмерија е длабоко на дното на 20-тото место со 9 освоени бода.