Ливерпул убедливо го совлада Брентфорд на гостински терен со 4:1 во првиот натпревар од 25.коло од англиската Премиер лига.

Мохамед Салах влезе во 45-тата минута, заменувајќи го повредениот Диого Жота, и со асистенција и погодок му ја обезбеди победата на Ливерпул.

Во првиот дел од самиот старт „црвените“ ја преземаа иницијативата и креираа голем број на прилики за постигнување погодок.

Дарвин Нуњез го постигна првиот гол на натпреварот. Во 35-тата минута, Нуњез со прекрасен лоб-удар го совлада голманот на Брентфорд за водство од 1:0 на Ливерпул.

На 2:0 зголеми Алексис Мекалистер на асистенција на Мохамед Салах во 55-тата минута, а за убедливи 3:0 стрелаше Египќанецот во 68-та минута.

Ајван Тони во 75-тата постигна почесен погодок за својот тим и намали на 3:1. Конечните 4:1 ги постави Коди Гакпо во 86-тата минута.

Ливерпул по оваа победа останаа на врвот со 57  бодови, пет повеќе од Манчестер Сити кој има 2 натпревари помалку. Третопласираниот Арсенал кој има еден натпревар помалку, застанува пет бодови.