Супер ефикасни беа првите четири натпреварот од воведната нокаут фаза во Лигата на Европа.  Вкупно 16 голови беа постигнати на овие натпревари.

Дербито се играше во Ротердам каде Феенорд и Рома одиграа без победник 1:1. 

Во првиот дел Рома беше подобрата екипа и имаа многу повеќе игра и посед. Но тоа не го спречи Феејнорд да поведе прв. Игор Паиксао постигна гол за 1:0 во 46.та минута од првиот дел.

Во вториот дел пак се сменија улогите. Екипата на Даниеле де Роси не се откажа до самиот крај. Во 67.та минута Ромелу Лукаку изедначи на 1:1. Со тоа се стави печат на натпреварот. Феенорд испушти златна шанса да отиде во реваншот во Рим со предност.

Супер интересно беше и во Истанбул каде Галатасарај со голот на Икарди во 91.минута славеше над Спарта Прага со 3-2.

Без победник, а со четири гола, заврши натпреварот Шахтјор – Олимпик Марсеј, додека Спортинг Лисабон славеше убедливо над Јанг Бојс на гостински терен.

Вечерва (21 часот) ќе се играат уште четири натпревари.

ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА
1/6-финале (прв натпревар)
ФЕЕНОРД – РОМА 1-1
ГАЛАТАСАРАЈ – СПАРТА ПРАГА 3-2
ШАХТЈОР – О. МАРСЕЈ 2-2
ЈАНГ БОЈС – СПОРТИНГ Л. 1-4
21:00 МИЛАН – РЕН
21 :00 БЕНФИКА – ТУЛУЗ
21:00 БРАГА – КАРАБАХ
21:00 ЛЕНС – ФРАЈБУРГ