Како дел од одбележувањето на 70-годишниот јубилеј од постоењето на Тениската федерација на Македонија, по долго истражување и сублимирање на податоците, изработена е Монографија за тенисот и Тениската федерација на Македонија во последните 70 години.
Книгата носи податоци за историјатот на тенисот во Македонија, неговите почетоци пред Втората Светска војна, потоа периодот по војната, како и делот од Југославија.
Новите почетоци на Македонија како самостојна држава и првите настапи на македонските државни репрезентации во Дејвис купот и Фед купот.
Секако неизбежен дел на оваа Монографија се и успесите на македонските тенисери и тенисерки на меѓународните турнири. Воедно и турнирите организирани на македонско тло пред се „предводникот“ Macedonian Open.
Промоцијата на Монографијата ќе се одржи во денеска во 15:30 часот во хотелот „Панорамика“.