Избраниците на Анте Постекоглу го забележаа третиот пораз во низа и тоа на домашен терен од Астон Вила (2:1).
Натпреварот го отвори Ло Селсо во 22-та минута, тој со волеј од работ на шестнаесетникот биеше за водство на Тотенхем од 1:0.
Пред самиот крај на првото полувреме (45+7) Пау Торес биеше со глава и успеа да изедначи на 1:1.
Пресвртот го комплетираше Оли Воткинс во 61-та минута и и донесе предност на Астон Вила од 2:1. До крајот на натпреварот Тотенхем со крајни маки се обидуваше да возврати, но сепак конечниот резултат беше 2:1.
Хеунг-Мин Сон беше најнесреќниот фудбалер на теренот, ВАР му поништи дури 3 голови на јужнокорејскиот фудбалер.