Со одигрувањето на синоќешните последни натпревари во квалификациите за ЕУРО 2024-та, формирани се и т.н. „шешири“. Остануваат уште три слободни места кои ќе бидат пополнети по баражите што се закажани меѓу 21 и 26 март 2024-та.
Актуелниот европски првак Италија која која беше во групата со Македонија, ждрепката ќе ја чека од последниот четврти шешир.
Заедно со Азурите ждрепката ќе ја чекаат Србија, Швајцарија како и трите селекции кои преку баражот ќе обезбедат пласман на шампионатот.
Извлекувањето за баражите е закажано за утре во 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион, а ждрепката за групите за ЕУРО 20240-та ќе се одржи на 2 декември (сабота) во 18 часот.
Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.
БАРАЖ – ПОЛУФИНАЛЕ Лига „А“ ПОЛСКА (1) – ЕСТОНИЈА (4) ВЕЛС (2) – Финска / Украина / Исланд (3) Лига „Б“ ИЗРАЕЛ (1) – Украина / Исланд (4)*, БИХ (2) – Финска / Украина (3)* Лига „Ц“ ГРУЗИЈА (1) – ЛУКСЕМБУРГ (4) ГРЦИЈА (2) – КАЗАХСТАН (3) | БАРАЖ – ФИНАЛЕ Лига „А“ Полска/Естонија – Велс/Финска/Украина/Исланд Лига „А“ Израел/Украина/Исланд – БиХ/Финска/Украина Лига Ц Грузија/Луксембург – Грција/Казахстан |