Македонскиот тенисер Калин Ивановски со победа ги стартуваше квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во јапонскиот град Јокохама.
Тој во првото квалификациско коло го совлада домашниот тенисер Шинџи Хазава (24 год., 583 АТП ранг) со 2-1 во сетови (3-6, 6-4, 7-5) за 2 часа и 12 минути игра.
Во следното коло противник ќе му биде Јан Баи од Кина, кому му го предаре мечот на претходниот Челинџер во Кобе (1.коло). Баи го совалада Германецот Каи Венелт со 2-0 во сетови (64 64).
Првиот сет му припадна на Хазава, кој веќе во првиот гем направи брејк за водство од 1:0. Во шестиот гем Ивановски успеа да изедначи на 3:3. Но, до крајот на првиот сет македонскиот тенисер не освои ниту еден гем бидејќи, а противникот имаше уште два.
Во вториот сет имаше само еден брејк и го направи Ивановски на почетокот на сетот, што се покажа како решавачко.
Во третиот сет првиот брејк беше во третиот гем за водство на Ивановски од 2:1. Но, Хазава изедначи по брејкот во шестиот гем на 3:3.
Во клучните моменти во финишот на сетот Ивановски имаше повеќе концентрација. Успеа Калин да направи брејк во 11.гем и поведе со 6:5. Во следниот ја искористи првата меч топка за 7:5 и пласман во финалето на квалификациите.
Двајцата тенисери во мечот имаа по четири брејка, со тоа што Ивановски имаше по еден во првиот и во вториот сет, а два во третиот сет што се покажа клучно за победата.