Репрезентацијата на Велс одигра само 1:1 на гости против Ерменија и си ги намали шансите за пласман на Европското првенство.

Уште во 5-тата минута од натпреварот Ерменија дојде до предност од 1:0 со голот на Лукас Зеларајан.

На самиот крај на првото полувреме (45+2 минута) Велс изедначи на 1:1 преку автоголот на Наир Тикнизијан.

Во вториот дел иницијативата припадна кај домаќинот, но без поголеми прилики за погодок и на двете страни натпреварот остана со истиот резултат како и на полувремето – 1:1.

Велс по овој „кикс“ е на втората позиција на табелата со 11 бодови, еден повеќе од Хрватска која од 18:00 часот и гостува на Латвија.