Со одигрувањето на вечерните натпревари во „Б“ и „И“ групите познати се уште три селекции кои следното лето ќе играат на Европското фудбалско првенство,
Репрезентациите на Романија, Швајцарија и Холандија им се приклучија на 12-те кои веќе обезбедија пласман на ЕУРО.
Во конкуренцијата „И“ селекцијата на Романија славеше над Израел со 2:1, а Швајцарија и со „ремито“ 1-1 против Косово најмалку е втора. Токму нивниот меѓусебен дуел ќе реи која селекција ќе заврши како прво пласирана, но и двете ќе играат на првенството во Германија.
Со голот на Вегорст во 12-минута, Холандија минимално со 1-0 ја совлада Ирска но, доволно да ги освои трите бода вредни Европско првенство.
Холанѓаните имаат три бодови повеќе од Грција која е трета, а која во последната рунда ја пречекува Франција која досега има максимални седум победи.
Триколорите вечерва го демолираа Гибралтар со 14-0, селекција која нема ниту една победа, а во последното коло игра против Холандија.
Сега бројката на познати учесници на Европскиот шампионат е вкупно 15 репрезентации.
Покрај домаќинот Германија, досега пласман на ЕП обезбедија:
А група: Шпанија и Шкотска
Б група: Францији и Холандија
Ц група: Англија … (Италија 13 и Украина 13).
Д група: Турција … (Хрватска 13, Велс 11,).
Е група: Албанија … (Чешка 12, Полска 11 (натпревар повеќе), Молдавија 10).
Ф група: Австрија и Белгија.
Г група: Унгарија … (Србија 13 и Црна Гора 11).
Х група: Данска … (Словенија 19, , Казахстан 18).
И група: Романија и Швајцарија
Ј група: Португалија и Словачка