Во машката ракометна Супер лига попладнево ќе бидат одиграни два натпревари од 11-тото коло. 

Екипите на Вардар и Тиквеш ќе ја бркаат својата 10-та победа сезонава. 

Вардарци во рамките од „Б“ групата ќе играат на домашен терен против Прилеп, дуел во кој црвено-црните важат за апсолутен фаворит.

Истата улога ќе ја има и кавадаречки Тиквеш кој исто така ќе игра пред својата публика. Кавадарчани во меч од „А“ групата го пречекуваат составот на Куманово кој досега има освоено само еден бод. 

Во првиот натпревар од оваа рунда одигран вчера Алкалоид очекувано славеше во дуелот против Аеродром и остана со максимален ефект.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 11 КОЛО

А ГРУПА 
петок    
19:00  ТИКВЕШ –   КУМАНОВО
сабота  
14:30  СКОПЈЕ –   СТРУГА
19:30  Е. ПЕЛИСТЕР 2 –  ОХРИД
 четврток             
АЛКАЛОИД – АЕРОДРОМ 42-28
Б ГРУПА 
петок
18:30  ВАРДАР – ПРИЛЕП             
сабота
15:00  МУЛТИ ЕСЕНС – ПРОЛЕТ               
17:00  Е.ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР Неготино       
недела
16:30  ГОЛДЕН АРТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
ТАБЕЛА:
Алкалоид 33 бодови, Тиквеш 27, Охрид 21, Струга 15, Аеродром 13, Е. Пелистер 2  9, Куманово 1 и Скопје 2
ТАБЕЛА
Вардар 27 бодови, Е. Пелистер 27, Бутел Скопје 18, Пролет 15, , Голден Арт 13,  Прилеп 7, Мулти Есенс 6 и Вардар Неготино 0.