Возбудливото 12.коло од Премиер лигата продолжува и во денешните натпревари од 15 часот.
На „Енфилд“ Ливерпул дојде до сигурна победа од 3:0 против екипата на Брентфорд. Мохамед Салах беше стрелец на два гола во 39-тата и 62-та минута, а Диого Жота во 74-тата минута со прекрасен удар од работ на шестнаесетникот биеше за 3:0.
Астон Вила го совлада Фулам со 3:1 на домашен терен. Головите за Астон Вила ги постигнаа Џон Мекгин, Оли Воткинс и автогол си постигна Антони Робинсон, додека единствениот гол за Фулам беше дело на Раул Хименез.
Вест Хем со пресврт во финишот (3:2) дојде до три бода против Нотингем Форест на домашен терен. Водството на Вест Хем му го донесе Пакета уште во 3-тата минута. Нотингем со головите на Таиво Авонији во 44-тата и Ентони Еланга во 63-тата минута го сврте резултатот на 2:1. Но, прекрасните асистенции на Џејмс Ворд-Праус за Џарод Бовен во 65-тата и Томас Соучек во 88-та минута му донесоа триумф на Вест Хем.
Ливерпул со 27 освоени бодови се наоѓа на втората позиција на табелата, со исто толку бодови Арсенал е трет, еден помалку има Тотенхем на четвртата позиција, додека Астон Вила е петта со 25.
Актуелниот шампион, Манчестер Сити со 27 бодови се наоѓа на првата позиција пред натпреварот со Челзи, кој започнува во 17:30 часот .