Нотингем Форест му приреди изненадување на Унаи Емери по триумфот од 2:0 над Астон Вила.
Уште во раната фаза од натпреварот (5-тата минута) Нотингем дојде до предност од 1:0, а стрелец на погодокот беше Ола Аина.
Во 36-тата минута прекрасна шанса за гол имаше Николо Заниоло, кој во ситуација „очи во очи“ со Влаходимос не успеа да постигне погодок за изедначување. Со истата предност (1:0) двете екипи заминаа на заслужен одмор.
На самиот старт на второто полувреме Нотингем зголеми на 2:0 со голот на Орел Мангала (во 47-та минута).
И покрај тоа што поседот на топката беше на страна на Астон Вила, тие не креираа посериозни прилики за погодок. Крајниот резултат остана 2:0.