Додека го исчекуваме дуелот на Македонија со Украина, од Фудбалската федерација на Македонија, пристигна информацијата за следниот натпревар на црвено-жолтите.
Од ФФМ информираат дека започна продажбата на билети за пријателскиот натпреварот меѓи Македонија – Ерменија.
Само 200 денари е цената на влезниците за натпреварот што ќе се игра на стадионот “Благој Истатов” во Струмица, во вторник (17 октомври).
Продажбата на билети за контролниот меч се одвива преку продажната мрежа на MKTickets и билетарата во спортската сала во Струмица.