Конечно започнуваат возбудувањата во најсилното фудбалско клупско натпреварување Лигата на шампионите.

32 екипи поделени во осум групи го почнуваат патот кон „Вембли“ каде ќе се игра финалниот натпревар од овосезонското издание.

Желби многу, некои реални, некои помалку, но само двата тика кои ќе покажат најмногу ќе стигнат до таму. А, патот ќе биде долг.

Започнува денеска со осум натпревар во сегментот на групите од „Е“ до „Х“.

Конкуренцијата „Ф“ годинава го понесе приматот „група на смртта“. Во неа се четири гиганти, Милан, Њукасл, ПСЖ и Борусија Дортмунд. Самите имиња на тимовите доволно говорат, дека секој од 12-те натпревари во оваа група ќе бидат дерби средби.

Првите две, вечерва, ќе се играат во Милано и Париз.

Интересен се очекува да биде и во Рим каде Лацио го пречекува Атлетико Мадрид. Шампионот Манчестер Сити одбраната на титулата ја почнува пред својата публика во дуелот со Белградска Црвена Звезда.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1.КОЛО (ВТОРНИК)
Е група
21:00 ФЕЕНОРД – СЕЛТИК
21:00 ЛАЦИО – АТЛЕТИКО МАДРИД
Ф група
18:45 МИЛАН – ЊУКАСЛ
21:00 ПСЖ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
Г група
18:45 ЈАНГ БОЈС – ЛАЈПЦИГ
21 :00 МАНЧЕСТЕР СИТИ – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА
Х група
21:00 БАРСЕЛОНА – АНТВЕРПЕН
21:00 ШАХТЈОР – ПОРТО