Возачот на Ферари, шпанецот Карлос Саинц го комплетираше перфектниот на патеката Марија Беј за ГН на Сингапур.

На тој начин е прекината доминацијата на Ред Бул кои ги добија сите трки од почетокот на сезоната, а и рекордот на Верстапен од 10 победи по ред во една сезона.

Во драматичниот финиш сепак Саинц успеа да ги одбие сите напади на Ландо Норис од Мекларен и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Саинц, стартуваше од пол-позицијата и првото место и успеа да го задржи до крајот на трката.

Откако возачите на Ред Бул не беа во конкуренција за највисок пласман, борбата за подиумот и победата беше многу силна.

Во последните пет-шест круга се водеше вистинска битка за подиумот. Саинц имаше голем притисок од Норис, кој пак, во истовреме беше под притисок од возачите на „сребрената стрела“.

Но сите надежи на Џорџ Расел кој беше на третата позиција за победа паднаа во вода. Излета во последниот круг па местото му го препушти на клубскиот колега Луис Хамилтон.

По катастрофалните квалификации, Ред бул беше далеку од подиумот на оваа трка.

Макс Ферстапен заврши на петтото место, додека неговиот колега Серхио Перез беше само 8-ми.

Шарл Леклер заврши на четврттото место, па следуваат Верстапен, Гасли, Пјастри, Перез, Лосон, додека 10-ти беше Кевин Магнусен во Хас.

Во генералниот пласман води Верстапен со 374 бода, втор е Перез со 223, Хамилтон е сега трети со 180 бода, Алонсо има 170, а победникот Саинц е петти со 142 бода.

Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се вози следниот викенд во Јапонија на легендарната Сузука.