Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Скопје.

Лина е елиминирана во полуфиналето од Ива Приморац која победи си 2:0 во сетови, во мечот што траеше без малку два часа,.

Во првиот сет, клучен гем беше осмиот на сервис на Ѓорческа.

Тетовката испушти три можности да поведе со 5:3, а Приморац откако израмни на 4:4 ги доби следните два гема и со 6:4 го доби сетот за водство од 1:0.

Во вториот сет се одиграа максимални 13 гема, а Хрватката го доби во тај-брејкот со 7-5 на поени.

Така утре во финалето ќе игра хрватската тенисерка која за противничка ќе ја има Дејана Радмановиќ. Србинката во полуфиналето со 2-1 во сетови ја победи Јустина Микулските од Литванија.